Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево со фотографија и опис ја објави Вања Ѓорчевска во регистарот на исчезнати лица на Македонија. Во описот се наведува дека таа е облечена во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии и со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка „Ајфон“.
– ЃОРЧЕВСКА ВАЊА татко Александар мајка Зорица род.27.02.2009 год. во Скопје каде и живее. Исчезната на 27.11.2023 год. во утринските часови на пат кон ООУ „Песталоци“ во општина Центар-Скопје. Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби,има бемка на десна страна од лицето. Облечена во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии.Со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка „Ајфон“, се вели во објавата на МВР.
Инаку според информациите кои ги сподели нејзината мајка, Вања вчера во 7 часот и 20 минути утрото излегла од дома и се упатила на настава. Но, на пат кон училиштето ѝ се губи секоја трага.