Eкспремиерот Зоран Заев донира на МВР средства за да му ги зајакне капацитетите. Имено, во кругот на Министерството за внатрешни работи беше предадена донација од Фондацијата „Заев“, која се состои од 6 мотоцикли за потребите на македонската полиција.
Директорот на Фондацијата и експремие, Зоран Заев, ја предаде донацијата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со цел, како што беше посочено, подобри резултати на повеќе организациски единици при Министерството.
-Министерството за внатрешни работи има силен сојузник во Фондацијата ‘Заев“, чија помош и поддршка се од огромно значење за дополнително зајакнување на капацитетите, а со цел зголемување на ефикасноста при оперативното работење на единиците при МВР. Тоа значи дека го модернизираме возниот парк по највисоки стандарди, а со тоа придонесуваме кон уште поголема безбедност на граѓаните и државата, објави МВР.
Министерот Спасовски во свое и во име на МВР изрази благодарност до Фондацијата „Заев“ за оваа важна донација, при што истакна дека безбедноста зависи од секој еден, ја креираат сите општествени фактори и е од клучна важност да се препознае општествената одговорност, а потоа и да се дејствува во таа насока. Воедно, Спасовски потенцира дека мотоциклите се наменети исклучиво за оперативната работа на полициските служби.