МВР: Нема обид за киднапирање во Карбинци, случајот е расчистен

Нема обид за киднапирање во Карбинци, случајот е расчистен, тврдат од МВР. Од сите реализирани дејствија и прибавени докази не се утврдени основи за постоење на кривично правен настан, појаснуваат во полициското соопштение.

– СВР Штип во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево, а координација со Основното јавно обвинителство Штип комплетно го расчистија и документираа случајот пријавен од директорката на основно училиште Карбинци за наводен обид за грабнување на ученичка, при што е утврдено дека нема елементи на кривично дело. Имено, веднаш по добивањето на пријавата полициски службеници излегоа на терен, преземени се низа оперативно-тактички мерки и дејствија во координација со Јавен обвинител од штипското обвинителство, извршени се разговори со лица кои биле сведоци на случајот во присуство на родители, но и со претставници на училиштето, а по преземени активности беше пронајден и 20-годишникот со кој беше извршен службен разговор во врска со случајот. Притоа, од сите реализирани дејствија и прибавени докази не се утврдени основи за постоење на кривично правен настан, појаснуваат во полициското соопштение.

Целокупниот доказен материјал од преземените мерки и активности со соодветно известување ќе биде доставен до надлежното Основно јавно обвинителство и Центарот за социјална работа Штип за нивно понатамошно постапување, додаваат од министерството.

Претходна вестПоставени реквизити на новото инклузивно игралиште во Зоолошка градина
Следна вестКазнети 345 возачи во Скопје, 173 од нив возеле пребрзо