МВР пет години не ја открило дрогата во возилото – Црногорците тоа го направија со рутинска проверка

По информацијата дека пред два дена во возило на МВР, црногорските царини откриле дрога на граничен премин меѓу Албанија и Црна Гора, од МВР денеска стигна објаснување – марихуаната не е на вработените во  Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР кои со возилото оделе на обука во Црна Гора, туку останало од претходните сопствеици од кои во 2016 година било одземено.

-Вработените во МВР немаат никаква врска со дрогата туку таа била скриена во автомобилот, односно останала од 2016 година кога ова возило било запленето во акција на Царинската управа, а потоа дадено на Агенцијата за управување со одземен имот, од каде пак е отстапено на МВР. Вработените во МВР немаат никаква поврзаност со дрогата и тоа го потврдило и албанското јавно обвинителство и тие се веќе вратени во Скопје, а за целиот случај го известивме и нашето јавно обвинителство за натамошно постапување и расчистување на случајот, велат од МВР

Но што вели јавноста? Може ли да се верува на вакво објаснување, дека возилото кое пет години е во сопственост на државата не е проверено и никој не ја нашол дрогата, која црногорските цариници ја откриле со проста проверка на граница?

Претходна вестКумановската лекарка фатена со мито доби 8 дена притвор
Следна вестСледуваат потопли денови