Изгаснат е пожарот во депото на „Македонски железници – Транспорт“, причините непознати

Пожарот кој синоќа избувнал во депото на „Македонски железници – Транспорт“ е изгаснат и во моментов се работи на расчистување на теренот, изјавил за МИА командирот на скопската противпожарна бригада, Звонко Томевски.

Тој бил пријавен во 1:20 часот по полноќ, а во гаснењето, според Томевски, учествувале 30 пожарникари со 10 противпожарни возила.

Депото на МЖ – Транспорт се наоѓа на булеварот „Трета македонска бригада“, каде што утрово можеа да се забележат темни облаци чад како се издигаат над местото.

МВР денеска соопшти дека пожарот избувнал ноќеска по што бил локализиран но пак избувнал. Полицијата соопшти дека ноќеска во 01.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје настанал пожар во хангар сопственост на „Македонски железници“.

Во хангарот имало неисправни стари вагони и локомотиви.

-Во 03.30 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пожарот повторно се активирал, велат од МВР.

Претходна вестКрадец украл чанта со пари и лични документи во тобако во Струмица, бил фатен на дело
Следна вестЈаневска: Затворени се два института поради нерегуларности