МВР разбила терористичка група во струшко-гостиварскиот регион

Изминатата вечер, Министерството за внатрешни работи (МВР) спроведе успешна акција и разби терористичка група која делувала во струшко-гостиварскиот регион, соопштуваат од МВР за Фокус.

Како што наведуваат од полицијата, групата била активна на територијата на овие две општини.

Полицијата уапсила неколку лица, кои се осомничени за терористичко делување, а по акцијата, се очекува официјално соопштение со детали за операцијата.

Претходна вестТошковски: Засилени полициски активности пред новогодишните празници
Следна вестБобан Бабунски е нов тренер на Беса