МВР со детали за сообраќајката кај Ранковце: Загина 21-годишник, повредени тројца негови сопатници

21-годишник од Крива Паланка загина во тешката сообраќајка што се случи во 1 часот и 28 минути по полноќ, на магистралниот пат Крива Паланка-Ранковце, извести МВР. Повредени се и тројца негови сопатници кои се исто на 21-годишна возраст.

– Во 01.28 часот по полноќ во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка-Ранковце, во село Љубинци, 21-годишниот И.М. од Крива Паланка, управувајќи патничко моторно возило „ауди” со кривопаланечки регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во банкина на патот. Од здобиените повреди, возачот И.М. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, сопатниците 21-годишниот Ј.С., 22-годишниот Х.С. и 21-годишниот М.С., сите од Крива Паланка, се здобиле со повреди констатирани во Општа болница Куманово, информираат од МВР.

Увид на место на настанот извршила екипа од ОВР Крива Паланка.

Претходна вестГерманските медиуми: Хрватска нè ограбува две евра за топка сладолед, 22 за плескавица
Следна вест42-годишник од Велес заразен со Конго-кримска хеморагична треска