МВР за „случајот Тасевски“: Добиена е пријава од раководни лица во МНАВ за закани кон нив

МВР денеска соопшти дека во врска со извршениот службен разговор со А.Т., вработен во МНАВ, постапува како и секогаш, согласно законските обврски.

– Секогаш кога ќе биде поднесена пријава од граѓанин за заканување или заплашување, МВР го поканува лицето против кое е поднесена пријава за да се изврши службен разговор. Тоа е направено и во конкретниот случај, се вели во соопштението од МВР.

По добиената пријава од Ф.Х. и Д.Х., раководни лица во МНАВ за испратени закани по меил од страна на А.Т., се појаснува во соопштението, извршена е консултација со јавен обвинител, по што е направен записник за примање пријава.

– На 3 јануари 2024 со покана е повикан А.Т. и со него е извршен службен разговор. Напоменуваме дека лицето не е лишено од слобода, туку е извршен службен разговор со цел расчистување на случајот. По документирање на случајот, до ОЈО ќе биде доставен соодветен поднесок за нивно натамошно постапување, соопштија од МВР.

Претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски вчера бил повикан во полиција да даде изјава откако бил пријавен од страна на лица од раководството на македонската навигација, поради преписка преку и-мејл, во која, како што тврдат тие, им се заканувал.

Тасевски за Телма објаснил дека пријавата била поднесена поради преписка преку електронска пошта, за која тврди дека била извадена од контекст, а со која можело да се врши притисок врз претседателот на синдикатот.

Претходна вестMултимедијален инклузивен предбожиќен настан „Види ме“ во „Дајмонд мол“
Следна вестЗаврши санацијата на Железничкиот мост на Црна Река, од утре повторно товарен железнички сообраќај Скопје-Гевгелија