МВР: Жртвите на „Јавна соба“ да пријават, платформата „Телеграм“ демонстрира затвореност

Граѓаните кои што се жртви на злоупотреби во групата „Јавна соба“ да се пријават во најблиската полицика станица, повика денеска Министерството за внатрешни работи.

Во објавеното соопштение се наведува дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР презема мерки за расчистување на случајот „Јавна соба“.

-МВР во координација со обвинителството презема соодветни мерки. Ќе продолжиме и со интензивните напори да се оствари и директна комуникација со платформата Телеграм која до сега демонстрира целосна затвореност за соработка со владите на државите од која било земја. Се разбира ги користиме сите други активности кои ни се на располагање за расчистување на овој случај, наведуваат од МВР.

Случајот на „Јавна соба“ по година дена повторно се актуелизира деновиве откако беше обелоденето дека на социјалната мрежа Телеграм над 5.600 членови на групата споделуваат и порнографски материја фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки

Претходна вестПак проработи „Јавна соба“, се објавуваат фотографии и на девојки од Македонија
Следна вестВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против директорот на Фондот за иновации