МЗ и денеска во црната ковид-статистика внесе лица што починале во изминатите месец дена

Министерството за здравство денеска соопшти дека во изминатите 24 часа, како последица од ковид починале 12 лица: 3 починати лица од Скопје (82г, 83г и 87г), по 2 починати лица од Куманово (75г и 65г) и Тетово (69г и 38) и по едно починато лице од  Прилеп (81г), Демир Хисар (71г), Кичево (70г), Штип (69г) и Делчево (60г), сите во болнички услови.

Во црната ковид-статистика денеска ќе бидат заведени уште шест лица кои починале во периодот од 22 август до 19 септември. Овие починати лица се: по 2 од Тетово и Куманово, и по едно починато лице од Кичево и Гостивар. Починатите се на возраст од 56-84 години, од кои само едно лице е починато во болнички услови, додека останатите 5 лица се починати во домашни услови.

Направени се 3.858 тестирања, а регистрирани се 525 нови случаи на ковид-19:

Скопје – 268, Куманово – 40, Струмица – 27, Штип – 25, Битола – 23, Охрид –17, Велес и Свети Николе – по 16, Кавадарци – 15, Кичево – 14, Прилеп и Кочани – по 10, Крива Паланка – 9, Гевгелија – 6, Струга – 5, Тетово и Радовиш – по 4, Неготино – 3, Гостивар, Берово, Валандово и Кратово – по 2, Ресен, Виница, Пробиштип, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Регистрирани сe 449 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.159 бројката на оздравени пациенти е 170.395, на починати е 6.557, а бројот на активни случаи изнесува 12.207, од кои 5.714 во Скопје.

Претходна вестКовид-статистика: Меѓу заразените и починатите има и вакцинирани, но во многу помал процент
Следна вестОружен грабеж во обложувалница во Аеродром