Поради истекување на мандат во време на предизборниот период спровеедни се конкурси во три јавно здравствени установи за избор на четири директорски места, соопшти денеска Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје по спроведениот конкурс за нов медицински директор избран е д-р Фадил Цана согласно доставените документации. На Клиниката за гинекологија и акушерство – Скопје по спроведените конкурси мандат добија д-р Викторија Јовановска, како медицински директор и Јетон Шаќири како организациски директор. За медицински директор на Клиниката за психијатрија е назначен проф. д-р Стојан Бајрактаров, се наведува во соопштението.
Се додава дека сите именувани директори на јавно-здравствените установи се стручни во својата област и имаат долгогодишно искуство.