МЗ: Над 49% возрасно население е вакцинирано

Заклучно со 17 октомври, барем со една доза од вакцината против ковид-19 е вакцинирано 49,4 отсто од населението над 18-годишна возраст, соопшти Министерството за здравство.

Опфатот на вакцинација е поголем кај лицата над 40 години и изнесува 57 отсто, додека кај граѓаните помеѓу 18 и 39 години вакцинирани се 33 отсто.

Според последните податоци што ги објавија здравствените власти, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани има во градовите:

  • Неготино – 66,3 отсто;
  • Кавадарци – 65,3 отсто;
  • Охрид – 65,1 отсто;
  • Гевгелија – 62,4 отсто;
  • Ресен – 60,6 отсто.

Помеѓу 50-60 проценти опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите: Битола, Кичево, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Скопје, Валандово, Штип и Пробиштип.

Помеѓу 40-50 отсто, пак, вакцинирани полнолетни граѓани има во: Кичево, Свети Николе, Кочани, Виница, Делчево, Крива Паланка, Струга, М Брод и Тетово.

Најмалку вакцинирани односно помеѓу 30-40 отсто во моментов има во: Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш.

Претходна вестСрпски државјанин во возило шверцувал 14 Кубанци, фатен кај Гевгелија
Следна вестЗаев може да е мирен – ПЕП21, ВМРО-НП и Партијата на пензионерите му се заколнаа на верност