МЗ во еден час со две соопштенија за ковид бројки – во второто бројот на активни слуачи намален за над 2.000

Во последното деноноќие регистрирани се 355 новозаразени од направени 3.042 тестирања, пријавени се вкупно 15 починати лица, девет во последните 24 часа и шест преку системот „Мој Термин“.

Евидентирани се 2.308 оздравени пациенти.

Во изминатото деноноќие се 329, додека останатите 1.980 оздравени се административно затворени случаи од периодот 16.09 – 31.10.2021.

Од деветте починати лица: 3 починати лица од Скопје (72г, 84г и 84г), 2 починати лица од Охрид (51г и 55г) и по едно починато лице од Крива Паланка (79г), Македонска Каменица (56г), Битола (65г) и Куманово (62г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, пријавени се 6 починати лица со датум на смрт од 31.08.2021 до 01.12.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Кочани (1), Македонски Брод (1), Свети Николе (1), Куманово (1). Починатите лица се на возраст од 54 до 88 години. Три лица се починати во домашни услови и три лица во болнички услови.

Од новозаразените 355, од Скопје се 152, Битола – 38, Кавадарци – 25, Прилеп – 24, Куманово и Охрид – по 17, Велес – 14, Радовиш – 9, Делчево – 6, Штип и Ресен – по 5, Тетово, Струмица, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка – по 4, Неготино, Виница, Пробиштип и Валандово – по 3, Крушево и Македонски Брод – по 2, Кичево, Свети Николе, Кратово, Богданци, Демир Хисар, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Од регистрираните 2.308 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.025, бројот на оздравени пациенти е 203.325, на починати е 7.631, а бројот на активни случаи е 6.069.

Овие бројки се од коригираното соопштение од МЗ, кое следеше еден час од претходното соопштение во кое имаше 342 нови заразени и седум починати лица, а бројот на активни случаи беше 8.037.

Нема објаснување што се случило во тој еден час за да пратат коригирано соопштение во кое и бројката на тестирани е поголема, и бројката на новозаразени и на починати, а само бројката на активни е намалена дури за 2.000.

Особено е нејасно како Министерството во еден ден брише над 2.000 активни случаи со образложение дека тие се од периото септември-октомври кои административно не биле затворени.

Веќе подолго време МЗ во секој дневе извештај вметнува и починати лица од период претходно, повкувајќи се на Мој Термин.

Дали тоа значи дека бројките кои дневно ги добиваме како ковид статиистика треба да ги земаме со резерва?

 

 

Претходна вестДел од Чаир попладнево без вода
Следна вестБројот на активни случаи на Ковид-19 намален од 8.000 на 6.000