МЗТ Скопје ем третрпе тежок пораз, ем новото засилување се повреди

Кошаркарите на МЗТ Скопје настрадаа на гостувањето кај КК Партизан во Белград. Им се слуши тежок пораз во рамки на 15.коло во АБА-лигата, примија дури 120 кошеви, а дадоа само 67.

Тренерот на МЗТ, Драган Николиќ, по натпреварот изјави дека поразот бил очекуван. Да, но мораше ли да биде со толку голема разлика?

Со ова аеродромци се заковаа на последното место во АБА-лигата со скор од само две победи и 13 порази. Мораат брзо да се преструктуираат ако сакаат да успеат да останат во оваа елитна регионална лига.

-Нема да биде лесно. Ни следуваат натпревари дома против посилни екипи и гостувања против послабите кои ќе бидат тешки. Ќе ни бидат потребни изненадувања дома и победи на гостувања кај три ривали, од кои еден мора да добиеме бидејќи во спротивно не ни се пишува добро. Верувам дека навивачите на МЗТ ќе ни дадат поддршка, изјави Николиќ.

За да ги оствари целите МЗТ Скопје, се засили со кошаркарот Киандре Кук, но тој се повреди и ќе мора да паузира околу еден месец поради повреда на рамото што ја доживеа пред крајот на првата четвртина од дуелот против Партизан.

Претходна вестКошаркарска ѕвезда е на листата на најбарани терористи
Следна вестЛука Дончиќ загуби судски спор од сопствената мајка