МЗТ Скопје пред остварување на невозможната мисија

За тимот на МЗТ Скопје полека се поклопуваат коцките. По победата над Сплит на гости, и поразот на Борац од Црвена звезда, тимот од Аеродром има златна шанса за избегнување на последното место на табелата, а за тоа потребна им е победа на домашен терен над Цибона, како и пораз на Борац на тешкото гостување кај Будуќност. Ако пред три кола сето ова звучеше како невозможна мисија, сега работите се идеални и остварливи.

Инаку, последното место води кон АБА2 лигата следната сезона, додека со претпоследното место на табелата се отвора вратата за плејоф меч со вицешампионот во АБА2 лигата.

Мечот против Цибона е закажан за денеска во 18 часот, додека дуелот Будуќност – Борац ќе се одигра утре со почеток во 19 часот.

Претходна вестУапсен струмичанец кој криумчарел мигранти
Следна вестМакедонија во вториот шешир во ждрепката за ЕП