МЗТ Скопје ја потврди првата позиција на табелата откако во 21-то коло на гости кај Феникс 2010 вечерва славеше победа со 64:82. Брзо „штрковите“ стигнаа до предност, а во продолжение ги издржаа налетите на десеткуваниот противник.
Стартот на натпреварот донесе неколку погодени тројки за МЗТ, но Феникс подоцна одговори, па дојде до 20:22. Изедначената игра со акцент на одбраната и во поголемиот дел во втората четвртина, меѓуота со серијата преку Крстевски, Робев, Кук и Кефи МЗТ замина на пауза со водство од 32:42.
Од тој момент Феникс не успеа посериозно да се доближи, а во завршницата од натпреварот предноста на фаворитот и се зголемуваше.
Јанески со 19 поени и шест скока беше лидер на Феникс, додека кај МЗТ по 15 постигнаа Крстевски и Кук.