МЗТ убедлив против Еуро Никел за седма сезонска победа

Актуелниот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром ја забележа седмата сезонска победа триумфирајќи убедливо на домашен терен над Еуро Никел со 77-51 во дуелот од осмото коло. МЗТ заедно со Пелистер и Гостивар остануваат триото на врвот на првенствената табела.

Воведната четвртина од пресметката беше израмента, МЗТ ја доби со два поени разика (17-15), но веќе во вториот сегмент направи опиплива предност и на пауза отиде со плус 11. Во третата четвртина првакот ја дополни позитивата со плус 10 поени, а во завршните 10 минути МЗТ само ја потврди убедливата победа.

Робев со 17, Јигитоглу со 16 и 12 скока и Војдан Стојановски со 11 поени беше лидерската поентерска тројка во победничкиот тим.

Планиниќ беше прв стрелец кај гостите со 15 поени. Еуро Никел со биланс 4/4 е на седмата позиција на табелата.

Претходна вестПовеќе делови од Скопје утре ќе останат без струја
Следна вестПриведени пет лица кои нападнале гледачи на фудбалски натпревар