Меџити прв вицепремиер и министер за екологија, Таравари за здравство – потврдени првите имиња

Претседателот на Демократското движење, кое е дел од Коалицијата „Вреди“, Изет Меџети денеска потврди дека новата влада ќе се формира по празникот Бајрам, односно на 19 или 20 јуни. Меџити соопшти и дека тој ќе биде прв вицепремиер и министер за екологија, додека градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Таравари министер за здравство.

-Јас и Таравари по секоја веројатност ќе бидеме дел од извршната власт – јас на функцијата вицепремиер и министер за екологија, додека Таравари повторно ќе го води ресорот за здравство. Касами повторно ќе и се врати на Тетово, за да го заокружи мандатот кој успешно го започна. Можам да потенцирам дека „Вреди“ ќе имаме двајца албански вицепремиери во новата извршна власт. Сериозен кандидат за вицепремиер за добро владеење ќе биде Арбен Фетаи од Алијансата за Албанците на Таравари. За вицепремиерското место за евроинтеграции деновиве треба да одлучи Алтернатива. БЕСА треба да одлучува за министерските места за економија и социјална политика, изјави денеска Меџити.

Претходна вестГаши – Агелер: Во иднина треба поголемо внимание да се посвети на економските прашања
Следна вестГрад Скопје: Потпорниот ѕид во Клиничкиот центар е во надлежност на Министерството за здравство