Се бара решение докторите од приватно здравство да се вратат во јавното

На вчерашната седница на Влада сме дискутирале да се најде решение со кое ќе им се овозможи на докторите од приватно здравство да се вратат во јавното со оглед дека постои интерес, информира денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Тој објасни дека тоа ќе се однесува на експерти со над 10 години работно искуство, специјалисти и супспецијалисти, кои ќе бидат ангажирани во болници  во кои има  недостиг од  кадар.

– Многу сум сигурен дека ќе изнајдеме решение одреден број од нив да се вратат бидејќи  ова нѐ прави горди, рече тој.

Министерот потврди дека е зголемен бројот на регистрирани позитивни на Ковид во земјава и укажа дека треба да се почитуваат антиковид-правилата за проветрување и хигиена. За хоспитализираните пациенти кај кои ќе се открие вирусот, рече дека треба да продолжат да се лекуваат на истата Клиника.

Претходна вестТаравари: Зголемен е бројот на регистрирани случаи на Ковид, да се почитуваат препораките
Следна вестУтре да престане пимплањето на градоначалничката и советниците во Скопје