На 1 Мај автобусите на ЈСП ќе возат по неделен возен ред

ЈСП Скопје информира дека поради Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, во понеделник (1.05.2023 год), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. Билетарниците и центрите за персонализација на 1 Мај нема да работат.

Жичарницата на 1 Мај ќе работи од 10 до 20 часот, исто и во вторник.

-Од месец мај, Жичарницата работи два часа повеќе од изминатиов период, односно од 10 до 20 часот, согласно одлуката за работно време на Жичарницата за период мај – септември, се вели во соопштението.

Во период од 19 – 19.30 часот е последното возење од долу нагоре. Во 19.45 часот е последното возење од горе надoлу.

Претходна вестВелосипедист попладнево прегазен на пешачки во Скопје
Следна вестБешлиевска: Недостоинствен е статусот на медицинските сестри