На 18-годишник од Струмица ќе му се суди за обид за убиство

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Х.(18) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ и против В.Т.(22) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање“ во врска „убиство во обид“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 27.10.2024 пред угостителски објект во Струмица, второпријавениот физички ги нападнал Р.Д.(21), А.Н.(19) и С.Д.(21), сите од Радовиш, а првопријавениот им упатил закани со остар предмет. Подоцна на друга локација во Струмица првопријавениот со остар предмет му нанел убодна рана во пределот на стомакот на Ѓ.Ѓ. од Радовиш , информираше МВР.

Претходна вестЦенатата на биткоинот за првпат ја надмина границата од 100 илјади долари
Следна вестБез вода населба Маџир Маало поради уличен дефект