На Бит пазар приведен скопјанец, кај него била пронајдена дрога

Полицијата вчера привела 20-годишен скопјанец на Бит Пазар откако кај него била пронајдена дрога. Против осомничениот ќе следува соодветен поднесок.

– Како што информираат од МВР, вчера во 23.00 часот на подрачјето на Бит пазар полицијата го привела Е.А.(20) од с.Сингелиќ, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Претходна вестЈолевски: Многу се нервирам кога некој ќе каже дека му е досадно, а ме радува…
Следна вестАлбанска државјанка дала на увид пасош со скинати страници