На Богородица приведен граѓанин на Србија баран од Интерпол за трговија со дрога

На граничниот премин Богородица вчера е приведен 38-годишниот Н.М. од Србија, баран од Интерпол Франција.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при гранична проверка констатирано е дека Н.М бил баран од Интерпол за недозволена трговија со дрога.

Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Струмица за понатамошна постапка.

Претходна вестГрупна тепачка меѓу деца и родители во Струга, учествувал и Државен правобранител
Следна вестМНР: Ќе се одлучува за членовите на ДКСК дали да добијат дипломатски или службени пасоши