На „Богородица“ уапсен Косовар, имал фалсификувана германска возачка дозвола

На граничниот премин „Богородица“ уапсен е маж од Косово. Тој на увид дал фалсификувана германска возачка дозвола.

– Вчера во 20.30 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода 35-годишниот С.А. од Косово затоа што при контролата на увид дал фалсификувана германска возачка дозвола, а македонската дозвола за привремен престој на странец била со изминат рок на важење, извести МВР.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка, за настанот бил известен јавен обвинител.

Претходна вестСретен Давидов некогаш најдобриот млад научник во Македонија со новa иновација, препознавање корисници на еднофазнa струја
Следна вестСтрумичанец украл 179 кутии цигари од дистрибутер