Во саботата полицијата на граничниот премин Богородица затекнала два случаи со криумчарење на мигранти.
Во првиот случај полицијата во камион чија фирма е од Скопје пронашла шест лица, мигранти од кои пет лица од Сирија и еден турски курд.
Неколку часа подоцна во камион од Србија управуван од 41-годишен маж, полицијата затекнала четири мигранти од Србија.
Од МВР дополнуваат дека мигрантите се предадени во Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за понатамошна постапка и се работи на расчистување на случајот.