На дојранската депонија каде што избувна пожарот најдени канти за моторно масло

Пожарот кој вчера избувна над Стар Дојран најверојатно бил намерно подметнат. Ова го соопштувата надлежните, а за тоа веќе се најдени и конкретни докази кои укажуваат на намерно подметнување на огнот.

Градоначалникот Ангов, вчера посочи дека пожарот најверојатно е подметнат, бидејќи на местото каде што избувнал пожарот пронашле канти од моторно масло.

Фотографии ид најдените канти за моторно масло денеска ги објави и заменик директорот на Национални шуми, Кире Михаилов. Тој на својот Фејсбук профил објави и фотографија од четири најдени канти за моторно масло.

-Ова е материјалот денеска што беше пронајден на депонијата во Дојран од каде што почна пожарот, наведе Михаилов.

Сторителите се уште не е се најдени и полицијата врши истрага.

Инаку, Михаилов објави и тоа дека во текот на вчерашниот ден имало рекордни 54 пожари во Македонија.

-Од кои преку 40 тина беа ставени под контрола или целосно изгаснати, а со останатите се бориме со сите расположливи средства, напиша Михаилов.

Претходна вестИзгаснат е пожарот кај Стар Дојран
Следна вестПретрес во Скопје, пронајдени над 140 паковки со дрога, одреден притвор