Постигнувањето на „тројки“ во кошарката е вообичаена работа која изгледа лесно за добрите кошаркари. Затоа веќе се става уште подалечна „црта“ од кошот. На кошаркарски натпревар на Филипините помеѓу Мералко Болтс и Магнолија Хотшотс (99:94) вчеравечер беше постигнат првиот кош кој вреди четири поени.
Автор на првиот удар за четири поени во историјата на кошарката е Американецот од тимот на Болтс, Крис Банчеро.
Филипинската лига е првата професионална која спроведе линија за четири поени која е на далечина од 8,2 метри од обрачот. Лигата ја тестираше иновацијата на два „Ол-стар“ натпревара.