Синоќа во 21.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на фудбалски терен каде се одигрувал фудбалски натпревар во рамките на општинска фудбалска лига Охрид, едно лице, физички го нападнал главниот судија, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
-По целосно расветлување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена пријава според Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревар, се вели во полицискиот билтен