Вчера, во 10.50 часот, на Градскиот пазар во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода И. Ќ. (69) од Велес.
При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени вкупно 1.115 разновидни пиротехнички средства. Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.