На граничен премин приведено лице кое запалило возило во Глумово

Приведен криминалец на Граничниот премин „Долно Блаце“. Имено, вчера, по претходно распишан централен распис, полицијата приведе 25-годишен скопјанец поради предизвикување општа опасност.

-По преземени соодветни мерки и активности, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје утврдиле дека лицето Б.М. на 12.05.2022 во с. Глумово запалил патничко моторно возило „бмв“, сопственост на С.С.. ЕНК при СВР Скопје во координација со Јавен обвинител поднесе кривична пријава по чл.288 од КЗ на РСМ по брза постапка, а пријавениот бил изведен пред Судија на предходна постапка и одредена му била мерка куќен притвор во траење од 30 дена“, информираа од полицијата.

Претходна вестСпречена дива трка во Скопје, одземени 6 автомобили
Следна вестЌе игнорира ли комисистот Ѓоргиев 12 членови на МАНУ?