На Гумење ноќеска се тепале коњаници од Скопско Лисиче, а полицаец пукал во воздух да ги смири, потврдуваат од МВР. Во 2 часот по полноќ, полицаец што патролирал на местото викано Гумење, забележал тепачка меѓу крушевчанецот К.К од една страна и петорица скопјани од друга страна, при што тие меѓусебно си размениле по неколку удари со раце и нозе.
Скопјаните биле дојдени од Лисиче со коњаницата.
За да ја спречи тепачката, полицаецот од службениот пиштол испукал еден предупредувачки куршум, по што тепачката престанала.