На Институтот за радиолгија вработените работат и втора смена и за викенд за да се намали чекањето

Пациентите сега помалку чекаат за читање на заостанатите наоди, а перидото сигурно е преполовен од порано, рече денеска директорката на Институтот за радиологија д-р Сања Николова. Таа денеска заедно со министерот за здравство Арбен Таравари ги промовираа реновираните простории на Институтот кои се наоѓаат во рамки на Хируршките клиники. Станува збор за инвестиција од околу 6 милиони денари), од кои 1,7 милиони денари се донација од Кина.

Д-р Николова кажа дека вработите работат и втора смена, се работи за викенд, тоа е добра воља на луѓето и таа им се заблагодари за ангажманот.

-Доста расчистивме од заостанатите наоди, имаме уште малку работа за да застанеме на здрави нозе и да се организираме поинаку. Во моментов не можам да ви кажам колку е чекањето, но помалку е од претходно, сигурно е преполовено. Моравме да направиме внатрешна реорганизација со постоечкиот кадар, изјави д-р Николова.

Таа кажа дека на Институтот имаат проблем со кадарот, бидејќи дел заминал во приватното здравство, а поголем дел се пензионирал, така што со постоечкиот кадар што не е доволен, тие направиле внатрешна реорганизација за да се намали чекањето на наоди.

Претходна вестКукла робот кој предупредува на лажни вести поставена во центарот на Скопје
Следна вестСДСМ: Десет затвореници избегале од затвор во Шутка, неспобните Пандов и Утковски да бидат разрешени