На Интерните клиники уште 20-тина слободни места за пациентите, утре и Очна клиника ќе стане ковид-центар

– Состојбата е сериозна и се соочуваме со силен бран на вирусот и голем наплив на болни. Наша цел е ниту еден пациент да не остане без лекарска грижа, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој рано утрово одржа состанок со директорите на интените клиники каде беше разгледана моменталната состојба со пополнетоста на ковид центрите, состојбата на пациентите кои таму се лекуваат, расположливоста со медицински пероснал и можностите и потребата од проширување на капацитетите.

На состанокот покрај координаторот на ковид центрите на Интерните клиники професор д-р Дејан Докиќ, беа присутни директорите на клиниките за нефрологија, гастроентерохепатологија, дерматовенерологија, неврологија, Клиниката за уво, нос и грло и Кожната клиника.

Во моментов на интерните клиники има околу 20 тина слободни места, а се очекува да се направат и дополнителни исписи на оздравени пациенти. Во текот на утрешниот ден со работа ќе започне и ковид центарот на Клиниката за очни болести на кој ќе можат да се сместат 33 пациенти, најавија од Министерството за здравство во денешното соопштение.

Претходна вестСоветот за безбедност е закажан за утре, ќе се решава ли и за полициски час?
Следна вестКрадци од Скопје оделе на „печалба“ во гостиварско