На крстосницата кај делегацијата ЕУ биле измерени 60,3 степени целзиусови

Највисоката температура од 60,3 степени летово е измерена на крстосницата кај објектот на Делегацијата на ЕУ во Центар а на останати осум локации каде биле вршени мерењата меѓу 50 и 55 степени. Ова информација е содржана во денешното соопштение на Градот Скопје во кое се најавува проект за изготвување и поставување заштитни стреи на 9 утврдени пешачки острови низ Скопје. Целта на проектот кој ќе се спроведува со УНДП е намалување на ефектот на „Урбаните топлотни острови“.

Поставувањето на заштитните стреи на пешачките острови ќе обезбедат заштитни сенки од топлина за пешаците и велосипедистите. Голем дел од пешачките острови на подрачјето на Скопје, со направени претходни студии се мапирани како места кај кои има зголемен ефект на урбани топлотни острови. Градот Скопје изминатиов период изврши мерења со користење термална камера во три дневни интервали на повеќе локации, а според резултатите утврдени се најтоплите девет точки кај кои ефектот на урбаните топлотни острови е најголем, се наведува во информацијата.

Со проектот ќе се обезбеди заштита од топлина за пешаците и велосипедистите и намалување на температурите на овие пешачки острови. За изработката на проектната документација, во Буџетот на Град Скопје за оваа година се превидени 10.000 евра, а за реализацијата на проектот се предвидени дополнителни 30.000 евра.

Претходна вестАпел на РСБСП: Не го потценувајте крајот на летото, возете одморени и одговорно
Следна вестПовторно вакцинација во СЦ „Борис Трајковски“