Претпријатието за згрижување на бездомни кучиња „Лајка“ тера кампања за пријавување на кучиња гладни и премрзнати, со цел да бидат однесени во стационарот. И сето тоа е во ред бидејќи главната причина за постоењето на „Лајка“ е точно тоа. Но зарем треба да се пријавува нешто што е очигледно секојдневно видливо? – прашуваат скопјани.
-Секој ден читате и гледате во скопски Аеродром,на пример, околу Бисер и покрај кеј, напаѓаат, касаат, шетаат во глутници, тотален хаос…и вие правите кампања дека некој треба да ви пријави за да реагирате и да ги соберете кучињата?! Па, во Лас Вегас ли живеете, милионско населено место па не можете да видите каде точно е проблемот и мора некој да ви пријави?! – реагираат скопјани.
И не е само молбата до граѓаните да и пријавуваат на „Лајка“, туку и да ги отворат вратите на своите домови за да ги згрижат во студените денови.
– Апелираме до оние кои имаат маалски миленици: направете им привремено засолниште, отворете ги вратите од влезовите на вашиот дом, поставете топла подлога за спиење, картон, ќебенце, стара облека и оставете им сад со храна и вода.
Бездомните кучиња не секогаш можат да го поднесат силниот студ, а ние ги прилагодивме нашите капацитети за нивните потреби, се вели во соопштението на „Лајка“.
Несомнено е добро и граѓаните, сите кои имаат услови, да згрижат бездомни кучиња барем во овие смрзнувачки денови. Скопјани треба и да пријавуваат, но зарем не треба од „Лајка“ да се повеќе на терен и самите да гелдаат и згружуваат?