На неколку улици во Ѓорче Петров поставени лежечки полицајци

На барање на жителите поставени се препреки за намалување на брзината на возилата на повеќе фреквентни локации и улици во урбаните заедници и во близина на училиштата и детските градинки, информира градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Меѓу улиците, опфатени се „Кичевска“, „Злате Михајловски“, „Ѓуро Салај“, „Мице Козар“, „Островска“, „Црногорска 2“, „Арсениј Јовков“, „Мечкин Камен“, „1596“ и „49“.

Од Општината соопштија дека оваа акција што ќе продолжи и понатаму, со цел да се подигне безбедноста во сообраќајот, а со тоа и да се спречат евентуални несреќи кои можат да настанат.

Претходна вестЈСП апелира до граѓаните задолжиттелно да носат маски во автобусите
Следна вестШест починати од ковид за 24 часа и нови 127 заразени