Утре во 9 часот, на меѓународниот аеродром Скопје, се очекува да пристигнат посмртните останки на 45 наши граѓани кои загинаа во трагичната несреќа во Бугарија.
Од Владата попладнево соопштија дека потоа ќе се организира поврка која ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град. Од 10 до 13ч, граѓаните ќе можат да оддадат последна почит преку положување цвеќе на плоштадот Скендербег, каде ќе биде поставен и видео ѕид, од каде граѓаните ќе можат да го следат целиот процес на пристигнување и движење на поворката. Од 11 до 12 часот поворката ќе помине по булеварот, веднаш до плоштадот.
Со два воени транспортни авиони, утре од Бугарија ќе бидат транспортирани останките на 45-те македонски граѓани, кои загинаа во автобуската несреќа на патот „Струма“, близу градот Перник.
Како што изјави изјави денеска бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов, бугарската страна ќе обезбеди два воено-транспортни авиона со кои утре изутрина ќе бидат транспортирани останките на загинатите во сообраќајната несреќа.