На полноќ завршуваат изборните кампањи во Македонија. Завршуваат и тие за вториот круг од претседателските избори и тие за нов парламентарен состав.
Се изнаслушавме многу ветувања, сега следи време на одлука.
Кампањата за претседателските избори започна веднаш по првиот круг од изборите, додека дваесетдневната кампања за парламентарните избори на 18 април.
На полноќ започнува молкот пред изборите, кој завршува со затворањето на гласачките места на 8 мај во 19 часот.