На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат изборните кампањи во Македонија. Завршуваат и тие за  вториот круг од претседателските избори и тие за нов парламентарен состав.

Се изнаслушавме многу ветувања, сега следи време на одлука.

Кампањата за претседателските избори започна веднаш по првиот круг од изборите, додека дваесетдневната кампања за парламентарните избори на 18 април.

На полноќ започнува молкот пред изборите, кој завршува со затворањето на гласачките места на 8 мај во 19 часот.

Претходна вестМакедонија комплетна, се приклучија Митревски и Талески
Следна вестПожари во Скопје и Битола, 1.588 повици за 24 часа до ЦУК