На ванадлизмот во Скопје никако да му дојде крајот. Веќе нема нешто што им служи на сите граѓани, а да не е предмет на уништувањето од страна на вандалите. Искршени корпи за отпадоци, запалени контејнери, оштетени клупи, посадени цвеќиња и друго зеленило, видиковци… се само дел од она што се уништува и што веќе не може да го користат граѓаните од чии пари тоа е и набавено и скапо платено.
Сега, на овој долг список на ванадлизмот што го прави дел од оние што се нарекуваат граѓани на метрополата, сега треба да се додадат и машините за рециклирање на пластични шишиња и лименки поставени на подрачјето на општина Центар. Поставени пред неколку години со цел да се намали ваков вид на отпадоците, машините почнале да им пречат на вандалите. Така, тешко оштетена утринава осамна и една од овие машини поставена на улицата „50 Дивизија“.
Зошто им пречела на вандалите, знаат само тие. Но, на ваквиот вандализам може да се застане само со остро казнување. Во спротивно, на ред за уништување од раката на вандалите ќе дојдат и други добра на граѓаните…