На семафорите во Скопје да се стават и рампи

Игнорирањето на обврската да се застане на црвен сигнал и натаму е чест сообраќаен прекршок што го прават возачите во Скопје. Тоа го покажуваат и податоците за последните тридневни контроли: вкупно 22 возачи поминале на затворен сигнал, односно, кога на семафорите било запалено црвено светло. Со ова најдиректно ја загрозиле безбедноста на сообраќајот на улиците.

Очигледно е дека до семафорите еден период треба да има и полицајци и поревносно да ги фаќаат далтонистите кои не препознаваат бои. Не смее полицајците ги мрзи да стојат, зарем ќе треба да се ставаат рампи на крстосниците?

Инаку, МВР денеска соопшти дека вчера само на територијата на град Скопје изрече вкупно 214 мерки за возачите кои ги прекршиле прописите.

-Меѓу нив 18 се за возење без возачка дозвола, 8 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 18 мерки за користење на мобилен телефон. Изречени се осум казни за минување на затворен сигнал (црвено светло), 22 за непочитување на брзина на движење, шест за некористење на сигурносен појас, 7 за непрописно престројување на возила и 73 санкции за непрописно паркирање, соопшти полицијата.

МВР уверува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестОбразовната реформа на собраниска расправа, поканети ли се оние кои ја критикуваа?
Следна вестДебатата во Собранието е на ниско ниво, кои пратеници дебатираат, а кои само гласаат?