Home АКТУЕЛНО На Шар Планина и албански и косовски државјани нелегално собираат боровинки

На Шар Планина и албански и косовски државјани нелегално собираат боровинки

0
На Шар Планина и албански и косовски државјани нелегално собираат боровинки

На територијата на Националниот парк Шар Планина во последниот период полицијата регистрира неколку случаи како поголеми групи на луѓе без дозвола собираат растенија и плодови од природата.

Во периодот од август до октомври најатрактивни за берење се боровинките и смреката. Полицијата затекнала лица од Албанија и Косово како собираат боровинки без дозвола.

Според правилата на Националниот парк за посетителите е дозволено да се собираат растенија само за сопствена употреба, додека собирањето за комерцијална употреба е дозволено само за лицата кои живеат во Национален парк Шар Планина.

Оваа е една од најбогатите сезони со шумски плодови на шарпланинското подрачје. Се проценува дека едно лице во текот на денот може да собере и до 100 килограми од овој плод. А цената на еден килограм боровинки на пазарот е 200 денари за еден килограм

Националниот парк во соработка со Факултетот за фармација во Скопје работи на утврдување на количините на диворастечките растенија на територијата на Шар Планина, за што се направени неколку пробни површини, каде што ќе се врши мониторинг.

И собирачите, но и сите посетители треба да се пријават при секоја посета на Националниот парк Шар Планина, согласно правилата на јавната установа, во насока на поголема контрола на подрачјето, со цел превенција од пожари.