Пронајдено починато лице на улица во Скопје. Имено, вчера во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Перо Наков“ во Скопје било пронајдено починато машко лице.
Наскоро смртта ја констатирал-потврдил лекар од Итна медицинска помош. Засега не е соопштена возраста на починатото лице, ниту пак причините за настанување на смртта.
По наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.