На Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, денеска полициски службеници ги лишиле од слобода М.Б. (36) од Скопје и Ѓ.Р. (37) од Скопје.
Како што информираа од МВР, М.Б. бил баран по централна потерница по наредба од Основен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 197 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.
И Ѓ.Р. (37) од Скопје била барана по централна потерница по наредба од Основен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 197 од Кривичниот законик. Таа ќе биде спроведена во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.