На сред „Широк сокак“ битолчанец од својот балкон пукал со пушка кон куче

Пријава од полиција ќе добие битолчанец кој вчера од својот балков пукал со пушка кон бездомно куче.

МВР соопшти дека на 17.04.2024 во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Широк сокак” во Битола, З.Л.(63) од балконот на неговиот дом од воздушна пушка пукал кон куче скитник.

-За настанот бил запознаен јавен обвинител, а по преземени мерки, полициски службеници од СВР Битола од З.Л. одзеле воздушна пушка. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.

Претходна вестКој ја конципира македонската надворешна политика? Маричиќ ќе се сретне ли со Османи, а потоа и заедно да тркнат до Пендаровски?
Следна вестВанковска: Моите противкандидати се плашат од дебати