На вонреден технички преглед испратeни 58 автобуси и комбиња, шест биле неисправни

Полицијата ја проверувала исправноста на автобусите во Скопје. Имено, во станица за технички преглед во текот на вчерашниот ден се однесени 58 автобуси и комбиња, кои вршат јавен превоз на патници. Од МВР денеска информираа дека шест биле технички неисправни.

Добро е што е спроведена ваква акција. Да се надеваме дека ќе има наскоро нова.

Инаку, само на територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 20. Изречени се и 16 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила и 62 мерки за непрописно паркирани возила.
Претходна вестВо Скопје вчера биле хоспитализирани 40 пациенти позитивни на вирусот
Следна вестПо Работнички и МЗТ Скопје ја запиша првата победа во АБА 2 лигата