На вонреден технички преглед упатени 104 автобуси

Вкупно 16 прекршоци, од кои осум поради неисправен уред за запирање, се констатирани во вчерашната акциска контрола спроведена на територија на цела држава. Акцијата има за цел санкционирање прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници.

– Упатени на вонреден технички преглед се 104 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз на патници. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните деновиинформираат од МВР.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Претходна вестЖена и малолетно девојче повредени по судир со возач од Грчец
Следна вестУште колку време власта ќе го држи во тајност договорот за коридорот 8 и 10?