Набавени 60.000 вакцини против сезонски грип

Набавени се 60.000 вакцини против сезонски грип со кои ќе бидат опфатени сите возрасни групи кои се таргет на Министерството за здравство, изјави денеска ресорниот министер Беким Сали.

Тој објасни дека има околу 40.000 вакцини што ги набави Министерството за здравство и 20.000 се донации од организацијата ПиВи.

-Годинава продолжуваме со динамиката од минатата година, со 60 илјади вакцини, ќе бидат опфатени сите возрасни групи кои секоја година се цел на Министерството за здравство. Станува збор за пациенти над 65 години, трудници, деца до шест години, пациенти со хронични заболувања, рече Сали, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје, каде беше пуштен во употреба нов најсовремен ангиографски систем за интервентни радиолошки процедури.

Министерсот упати апел граѓаните од овие ранливи категории да почнат со пријавување во системот за закажување вакцинација.

Претходна вестМицкоски повика на масовен протест против бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“
Следна вестОпштина Центар: Одобрението за втората висококатница кај „Холидеј Ин“ е законско