Над 1.000 медецински сестри само годинава ќе го напуштат Косово

Се очекува повеќе од 1.000 медицински сестри од Косово да заминат во земјите на Европската Унија. Спореед претседателот на Синдикатот на косовските медицински сестри Перпарим Бериша повеќе од 2.200 медецински сетри веќе посетуваат курсеви по германски јазик.

– Во текот на оваа година, од јануари досега, 220 медицински сестри ја напуштија државата. Можам да кажам дека повеќе од 1.000 се очекува да го напуштат Косово оваа година. Според податоците, повеќе од 2.200 медицински сестри се на курсеви и имаат договори со германската држава, изјави Бериша за приштинските медиуми и нагласи дека земјите како САД, потоа Холандија и другите членки на ЕУ почнале да примаат медицински сестри.

Според него, од 220 медицински сестри кои годинава го напуштиле Косово, 40 отсто работеле во јавно-приватниот сектор.

Претходна вестКатица Јанева е библиотекарка во „Идризово“
Следна вестДемократски сојуз: Груби формира ново министерство за проектот „Бехтел и Енка“