Над 1.300 пациенти со ковид се во болница, во Скопје нови 54 за 24 часа

Вкупната бројка на пациенти со ковид кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.315 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид-центрите, соопштија денеска од Министерството за здравство.

Во последното деноноќие само во Скопје биле примени нови 54 ковид-пациенти поради компликации со вирусот, со што вкупната бројка  е 549 лица кои се сместени во ковид-центрите во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ се примени 3 пациенти и 5 на Инфективната клиника, додека во Козле нема приеми во овој период.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 31 оздравен пациент.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците надвор од Скопје е пријавено дека се лекуваат вкупно 766 пациенти позитивни и сомнителни на корона-вирусот.

Претходна вестБензини: По серија поскапувања, конечно поевтинување
Следна вестДелот од Шара под привремена заштита додека не се донесе законот за национален парк